Ако одморот во август сè повеќе личи на борба за бесплатна лежалка и место во ресторан, септември во Грција може да биде сосема поинакво искуство. Температурите се попријатни, гужвите се помалку, а морето е сè уште многу топло во текот на првите недели од септември.
Септември е шпиц на сезоната на неколку медитерански дестинации каде летото продолжува и откако најголемиот дел од туристите ќе ги спакуваат куферите. Морето останува топло, дневните температури се попријатни, плажите се помалку преполни, а сместувањето често е поевтино отколку ...