Извештајот на Европската комисија за владеењето на правото покажува дека во земјава нема реформи, корупцијата останува широко распространета, а судството и обвинителството се изложени на политички притисоци, изјави денеска Александар Наумоски, член на Извршниот одбор на СДСМ.
СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски и Владата дека со јавните напади врз судии и обвинители ја загрозуваат независноста на правосудството, повикувајќи се на наодите од Извештајот на Европската комисија за владеењето на правото за 2026 година.
Христијан Мицкоски им порача на судиите „пари нема да добиете“. Оваа изјава е јасен сигнал за политичко влијание врз правосудниот систем, велат од опозициската СДСМ. „Мицкоски очигледно смета дека судството и обвинителството треба да функционираат како „juke box“, тој нарачува, ...
Опозициската СДСМ ја обвини Владата дека преку финансиски закани се обидува да воспостави политичка контрола врз правосудниот систем. Реакцијата следува по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека судиите нема да добијат дополнителни средства.
Независен - 360 степени - Либертас - Press24 - Бриф
Европската комисија во својот најнов извештај за владеење на правото јасно и недвосмислено нотира мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на претставници на власта, вели Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.