На Саемот во Париз, Alfa Romeo, се претстави во своите главни атрибути – Италија, спортски дизајн, црвена боја… Особено спектакуларен е концептот Alfa Romeo Cuorerosso кој треба да ја прикаже нескршливата врска помеѓу човекот и машината.
Alfa Romeo ја најавува својата иднина – и тоа не со уште еден SUV, туку со ниско 2+2 купе со четири врати. Дали тука го гледаме наследникот на Giulia Quadrifoglio? Alfa Romeo во Париз го претстави Cuorerosso (или преведено на „нашки“ – Црвено Срце).
Alfa Romeo на салонот на автомобилите во Париз го претстави Cuorerosso, концепт што ја трасира стратешката насока за идните модели на марката. Ова спортско купе со 2+2 конфигурација и должина од 4,7 метри се издвојува со своите скулптурални линии и ентериерот дизајниран целосно ...