„Со месеци СДС и нејзиниот формален претседател Филипче, преку соопштенија и прес-конференции велат дека граѓаните не веруваат во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дека рејтингот им пораснал, дека се спремни за избори, но кога ќе се споменат предвремени избори, одма молк“, ...
СДСМ нема да биде алиби на власта за предвремени парламентарни избори – изјави денеска лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција. – Ние нема да бидеме алиби. Избори нека закаже премиерот кој има двотретинско мнозинство.
СДСМ е подготвен за избори во секој момент, со тим и програма, но нема да прифати да биде алиби за политичките потези на премиерот Христијан Мицкоски, порача лидерот на партијата Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Претседателот Мицкоски спомна предвремени избори, СДС се исплашија и ги снема, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако претседателот Мицкоски јасно кажа дека доколку СДС и Филипче побараат предвремени избори, истите ќе ги добијат, во СДС молк и повлекување.