Вонредната анализа на Институтот за јавно здравје покажа дека нивото на арсен е вратено во дозволените граници. Граѓаните на Валандово од 24 јули повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење.
Водата од градскиот водовод на Валандово од денеска е повторно во целосна употреба согласно документ од надлежната Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), со кој се укинува досегашната забрана, соопшти денеска градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев.
По проблемите со водата во Гостивар, забрана за пиење вода е воведена и во Валандово поради арсен. Поплаки пристигнуваат и од Прилеп и Дебарца По случајот со загадената вода во Гостивар, кој со денови ги остави жителите без и употреба, поплаки за квалитетот на водата ...
ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја извести јавноста дека, согласно добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје, во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен.