Додека расчистувале остатоци од потонат брод во Средоземното Море, група нуркачи имале изненадувачка средба. Нуркачот Дерк Ремерс и неговите колеги тргнале на мисија за чистење, но биле сведоци на нешто што ќе го паметат до крајот на животот.
Ремерс веднаш ја вклучил камерата и го снимил моментот, за кој се верува дека претставува едно од ретките подводни видеа од возрасна голема бела ајкула во нејзиното природно живеалиште во Средоземното Море.
Група нуркачи доживеале несекојдневна средба во Средоземното Море, откако за време на акција за чистење на потонат брод во близина на брегот на Сицилија забележале и снимиле голема бела ајкула.