Поразителна статистика на починати и заразени со западнонилска треска бележи државава. Во негативен прилог оди фактот што само во последните неколку месеци имаме седум починати, а во последните 15 години се регистрирани десетина смртни исходи.
Оваа година е натпросечна година кога станува збор за инфекција од Западнонилска треска насекаде во Европа- нагласи премиерот Христијан Мицкоски појаснувајќи дека годинава овој здравствен предизвик е особено изразен на европско ниво и не е специфичен само за земјава.
„Факт е дека оваа година е натпросечна кога станува збор за ваков тип предизвик со кој се соочуваме и ние, но и, условно кажано, сите медитерански земји. Тука се и Италија и Шпанија, каде што, за жал, починатите од западнонилска треска се бројат со стотици“, изјави премиерот ...
СДСМ преку соопштение ја обвини Владата предводена од Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски за несоодветно справување со состојбата со западнонилската треска во Македонија. Од партијата велат дека до 1 септември се регистрирани 56 случаи на западнонилска ...