Премиерот Христијан Мицкоски порача денес дека не стравува од истрагата што се отвори во Унгарија околу заемот што тамошната Ексимбанка ѐ го даде под поволни услови на Македонија – бидејќи сѐ било транспарентно. „Истрагата на унгарскиот кредит е внатрешна работа на Унгарија.
Премиерот Христијан Мицкоски е убеден дека изјавата на унгарскиот премиер Петер Маѓар дека Унгарија не поддржува забрзан процес на пристапување за ниту една земја-кандидатка во Европската Унија не се однесува на земјите од Западен Балкан, туку на други земји-кандидатки.
Членот на СДСМ и меѓународен секретар на партијата, Андреј Жерновски, реагираше откако унгарските власти вчера објавија дека отвориле кривична истрага за сомнителни злоупотреби во државната „Ексимбанк“, вклучително и заемот од една милијарда евра за Македонија.
Унгарија покрена кривична истрага против Ексимбанка поради сомнителни злоупотреби. Под истрага е и кредитот од една милијарда евра за Северна Македонија, кој го проблематизираше премиерот Петер Маѓар. Унгарските власти отворија за наводни злоупотреби во државната Ексимбанка ...