Во наредните пет месеци ќе се троши ребалансираниот буџет. Буџетскиот дефицит се зголеми на 4,1 процент од бруто-домашниот производ. Повеќе пари ќе има за зголемени плати, поддршка на земјоделците, социјални трансфери и капитални проекти.
Кога независна институција како Фискалниот совет ќе оцени дека државните финансии создаваат „значителни среднорочни фискални притисоци“, тоа не е бирократска формулација. Тоа е предупредување дека моделот по кој државата троши станува сѐ потежок за одржување.
Образложението на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска дека зголемениот буџетски дефицит е пред сè последица на капиталните инвестиции не ја прикажува целата структура на ребалансот. Официјалните бројки покажуваат дека Владата не додава само инфраструктурни и ...