Со четириесет дена исполнети со музика, театар, балет и џез, фестивалот „Охридско лето“ и ова лето ја потврди својата позиција како еден од најзначајните културни настани во земјава и препознатлива европска фестивалска сцена.
Во Долни Сарај Со мјузиклот „Као какао“, вечерва (20 август), свечено ќе биде затворено 66. издание на најголемата културна манифестација во државата, „Охридско лето“. „Као какао“ е современ македонски мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски, во режија на Дејан ...
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани вчеравечер присуствуваше на концертот со кој беше заокружена музичката програма на 66-тото издание на фестивалот „Охридско лето“. Во своето обраќање тој истакна дека фестивалот и годинава понуди богата програма и средби со врвни ...