Општина Кисела Вода преку социјалните мрежи ги извести граѓаните дека вечерва (четврток, 30 јули) ќе спроведувае акција за прскање против комарци на целата територија на општината. Од општината ги повикаа граѓаните во тој период да ги затворат прозорците и вратите во домовите.
Министерството за здравство го задолжи Центарот за јавно здравје – Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција во населбата Драчево. Како што информираат од ресорното министерство, оваа активност претставува превентивна мерка која се ...
Во раните утрински часови денеска на подрачјето на Скопје беше спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Според него, активностите ќе продолжат и утре, во согласност со Годишната програма, ...
Следната фаза од третманот против возрасни комарци ќе се реализира утре и задутре, со авионска дезинсекција, доколку временските услови бидат поволни. Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со соодветни услови.