Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако бил затекнат како управува автомобил со брзина од 204 километри на час на делница каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час.
Уапсен млад гевгеличанец кој возел „бмв“ со скоро двојно поголема брзина од дозволеното. - Вчера во 21:26 часот на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ж.Д.(29) од Гевгелија.