По срамот на Светското првенство и елиминацијата од Парагвај во осминафиналето, Германскиот фудбалски сојуз одлучи да ја прекине соработката со Нагелсман. Тој се повлекува од функцијата менаџер, а работата му е понудена на Јирген Клоп.
Откако официјално Јулијан Нагелсман ја напушти селекторската клупа, од Германската фудбалска асоцијација (ДФБ) потврдија дека Јирген Клоп веќе ја искажа својата општа подготвеност да биде нов селектор на најдобрата германска фудбалска репрезентација.
Јулијан Нагелсман ја напушти функцијата селектор на репрезентацијата на Германија по испаѓањето на тимот од Светското првенство, официјално објави локалната фудбалска централа (DFB). Германците загубија од Парагвај со 3:4 по изведувањето на пенали.
Се чини дека не е невозможно Јирген Клоп да го наследи Јулиан Нагелсман на селекторската клупа на Германија. Нагелсман има договор до 2028 година, односно до крајот на Европското првенство, а Клоп би можел да го наследи многу порано доколку гореспоменатиот стручњак биде отпуштен ...