Двете фестивалски поглавја во Улцињ и Будва ги носат Peggy Gou, Charlotte de Witte и уште над 50 изведувачи. EXIT to Montenegro, новиот проект на регионалниот фестивалски гигант EXIT, добил над 40.000 апликации од повеќе од 100 земји уште еден месец пред почетокот.
Во фокусот на регионалната фестивалска сцена овој викенд е EXIT to Montenegro – новиот настан на црногорското крајбрежје кој ќе се одржува во две фестивалски поглавја од 3 до 6 јули и од 28 до 31 август. Со овој проект во организација на EXIT – најголемиот фестивалски бренд од ...