Екипата на РК Младост 1977 е победник на бараж натпреварот за пласман во Супер машката лига и со тоа обезбеди место меѓу најдобрите екипи во македонскиот машки ракомет за натпреварувачката сезона 2026/27.
Младост Богданци следната 2026/27 сезона ќе биде дел од ракометната Суперлига на Македонија. Тимот од Богданци денеска во салата во Бутел (Скопје), во баражот успеа да слави против Струга со 25:22.