Во Франција се регистрирани 1.000 смртни случаи, кои се повеќе од очекуваното за време на топлотниот бран што ја зафати Европа, соопшти денес националната агенција за јавно здравје, но додаде дека вистинскиот број веројатно ќе биде поголем.
Во Франција 74 луѓе се удавиле од 18 јуни, досега, додека земјата продолжува да се справува со топлотен бран и екстремно високи температури што ги оптоваруваат службите за итни случаи и здравствениот систем, изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез.
Екстремниот топлотен бран што ја зафати Европа создава сцени кои до неодамна изгледаа неверојатно. Во Полска, каде температурите на одделни места се приближуваат до 40 Целзиусови степени, жителите веќе на шега покажуваат дека жештината е доволна и за „готвење“ на отворено.
Во градот Шамбре-ле-Тур во централна Франција, купувачите беа снимени како се туркаат и фаќаат клима уреди и вентилатори додека продавниците се отвораа Продолжениот топлотен бран во Франција предизвика хаотични сцени во продавниците низ целата земја, при што купувачите се тркаат ...