Додека министерот Тимчо Муцунски тврди дека во разговорите „под радарот“ ги брани националните интереси и „црвените линии“ на граѓаните, дел од опозициските партии најавуваат конструктивност доколку на маса се најде решение прифатливо за Македонија и Европската Унија.
Владата потврдува дека се водат разговори за деблокирање на евроинтеграциите, но деталите ги чува подалеку од јавноста. Муцунски уверува дека националните црвени линии нема да бидат преминати, додека СДСМ бара целосна транспарентност.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски потврди дека Владата води дипломатски разговори за деблокирање на европскиот пат, но без да открие со кого се разговара, какви предлози се разгледуваат и што би требало да биде конечниот резултат.