Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во официјална посета на Украина каде се сретна со украинскиот колега Андриј Сибиха. Фокусот на разговорите бил унапредување на економската соработка, европската перспектива на двете земји како и ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во официјална посета на Украина, во чии рамки оствари средба со својот украински колега, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха, соопштија од МНРиНТ.
Стоиме со Украина, која е суверена држава и нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува. Границите не можат да се менуваат со сила, истакна шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски по средбата со неговиот украински колега, Андриј Сибиха, денеска во Киев.