Соопштение за јавност на СДСМ: Заврши научно-образовната екскурзија на премиерот Христијан Мицкоски. Мислевме дека е стручна. Сепак, Мицкоски оди чекор подалеку. Тој е најдобар во сè: економија, туризам, авиосообраќај, технологија, образование и ИТ.
Премиерот Мицкоски се врати. По еднонеделното отсуство, кое опозицијата го проследи со шпекулации и иронија, денеска самиот објасни каде бил и што правел. Не политичка мисија, туку, како што вели, научно-образовна екскурзија во Белгија со своите два сина.
Одмор во Хрватска минатото лето, „научно-образовна екскурзија“ во Белгија ова лето и денешно уверување дека не е љубител на големи годишни одмори со солена вода и песочни плажи. Премиерот Христијан Мицкоски денес понуди детално објаснување за своето семејно патување во Белгија, ...