Од „О2 иницијатива“ се обратиле и до Општина Охрид за овој проблем, но оттаму добиле одговор дека локалната самоуправа нема склучено договори за закуп и нема издадено плажи на концесионери на езерото. – Општината нема склучено договори за закуп и нема издадено плажи на концесии, ...
Иако од Општина Охрид тврдат дека немаат издадено под концесија ниту една плажа, ситуацијата на брегот на Охридското Езеро покажува друга слика. Охридските плажи функционираат надвор од правилата, без почитување на препораките на УНЕСКО и без активни договори за закуп.