Петнаесетгодишно момче од тетовското село Боговиње било донесено во Клиничкиот центар во Тетово со прострелна рана во пределот на стомакот, откако од пиштол бил испукан куршум во селото, информира Министерството за внатрешни работи.
Петнаесетгодишно момче од тетовското село Боговиње завршило во болница со прострелна рана во пределот на стомакот, по инцидент со огнено оружје во кој, според првичните информации, бил вмешан 16-годишен малолетник.
МВР информира дека вчера попладне во 14:10 часот во СВР Тетово, од Клинички центар Тетово било пријавено дека кај нив со прострелна рана во пределот на стомакот бил донесен 15 – годишен малолетник од с. Боговиње, тетовско.