„И кога се прашуваш како е можно ние две да сме сестри, само сети се дека твоите две омилени работи - науката и биологијата - го потврдуваат тоа“, вели Верица за сестра ѝ Вања Китанова. Македонската Барби објави нови фотки од бајковитата свадба на Санторини, овојпат со сестра си.
Семејната блискост доби посебно место во најновата објава на Верица , позната во јавноста како македонската Барби. Поводот беше роденденот на нејзината сестра Вања Китанова , на која ѝ посвети духовита, но и исклучително лична честитка.