Витаминот Д има важна улога во одржувањето на здрави коски и мускули, нормалното функционирање на имунолошкиот систем и регулирањето на калциумот и фосфорот во организмот. Телото може да го создава под влијание на сончевата светлина, а го добиваме и преку храната и суплементите.
Летното сонце не значи автоматски дека организмот има доволно витамин Д. На неговото создавање влијаат изложеноста на сонце, употребата на заштитни кремови, начинот на живот и низа други фактори. Секоја есен се повторува истата реченица: „Преку летото бев многу на сонце, сигурно ...