Супер топлотен бран за кој се очекува да ги сруши рекордите за температура ја погоди Западна Европа. Половина од Франција е под црвена тревога, железничките услуги во Белгија се прекинати, а спортските настани во Шпанија и Германија се откажани или одложени.
Агротим - Бриф - Трн - Либертас - Кафе пауза - Скопје инфо
Метеоролошката служба издаде ретко црвено предупредување за екстремна топлина. Се предвидува дека температурите во делови од централна и јужна Англија оваа недела ќе достигнат помеѓу 38 и 40 степени Целзиусови.
Францускиот министер за национално образование, Едуар Жефре, соопшти дека денеска 845 училишта и факултети во таа земја ќе бидат затворени поради жештините, а дополнителни 1.800 ќе ги прилагодат своите распореди за да ги примаат децата само во претпладневните смени.
Во делови од Франција, вклучително и Париз, деенска стапи во сила забраната за служење и консумирање алкохол на отворено поради топлотниот бран што ја зафати земјата. Забраната, воведена за време на годишниот музички фестивал „Fête de la musique“, опфаќа 35 од 101 департман во ...