Во знак на солидарност со „Шарли Ебдо” повеќе од сто француски медиуми од пишаниот и аудиовизуелниот и дигитален печат, изутринава испратија повик за одбрана на правото слободно говорење, пишување и карикатурирање, јави дописникот на МИА.
Стотина медиуми објавија денес во Франција отворено писмо во кое се повикува на мобилизација за слободата на изразувањето во знак на поддршка на сатиричниот неделник Шарли ебдо кој повторно доби закани од исламистичката терористичка мрежа Ал каеда, ...