Интензитетот кој ѝ недостасуваше на Белгија во првите две кола (против Египет и Иран) сега беше очигледен уште од самиот старт. Брзите додавања околу противничкиот шеснаесетник создаваа константна паника во одбраната на Нов Зеланд. Отпорот беше скршен во 28-та минута.
Изненадувањето Зелен 'Рт заврши на второто место во својата група и ќе игра во нокаут фазата, исто како и Египет кој во својот четврти Мундијал конечно отиде понатаму. Од друга страна, двократниот светски шампион Уругвај доживеа фијаско и нема да помине ниту како трет.
Белгија рано утрово забележа убедлива со 5:1 над Нов Зеланд во 3. коло од групната фаза на Светското првенство 2026. Леандро Тросард постигна два гола за Белгија. Играчот од средниот ред на Арсенал постигна гол во 28. и 50. минута.