Македонската одбојкарска репрезентација пристигна во Софија, каде што веќе го одработи и првиот тренинг пред настапот на Европското првенство. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски тренираа во помошната сала на „Арена 8888“, која ќе биде нивен дом во групната фаза.
Утрово нашите одбојкари заминаа за Софија, подготвени да го дадат максимумот на најголемата европска сцена. Пред нив се денови исполнети со борба, емоции и моменти во кои секој поен ќе се освојува со срце, храброст и верба во заедничкиот успех.
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија пристигна во Софија, каде од среда стартува со четвртиот настап на завршницата на континенталните првенства. Селекторот Миленкоски и одбојкарите веќе истакнаа дека имаат голема желба за да им приредат нова радост на македонските ...
Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на репрезентативци на селекторот Јошко Миленкоски за престојното Европско првенство 2026. Техничарот Давид Стојанов, коректорот Кристијан Илијев, средниот блокер Михајло Мирасчиев, како и либерото Филип Јованов се играчите ...