Ленот е омилениот летен материјал со причина. Лесен е, природен, дозволува кожата да дише и секогаш изгледа како да сте на одмор, дури и кога само одите на кафе низ град. Но ленот има и една маана што сите ја знаеме: се гужва речиси веднаш.
Лененото платно можеби никогаш не е целосно рамно, но токму тоа е неговата посебна привлечност. Наместо да се борите против секое наборување, подобро е да го држите под контрола и да уживате во една од најудобните ткаенини за лето.