Управата за јавни приходи ја објави септемвриската листа на најголеми должници, на која се вкупно 5.240 правни и физички лица со ненамирени обврски од над 13,64 милијарди денари, односно околу 221,8 милиони евра.
Најголемиот должник на септемвриската листа на Управата за јавни приходи нема имот од кој директно би можел да се наплати долгот од речиси 15 милиони евра. Станува збор за скопската компанија „Хант осој трејд“, која должи повеќе од 900 милиони денари, односно околу 14,87 милиони ...