TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вардар ремизираше против Ла Фиорита

МакФудбал - пред: 4 часа

Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, одигра 1-1 против Ла Фиорита од Сан Марино во претпоследниот контролен натпревар од подготовките што се одржуваат во Италија. Единствениот погодок за „црвено-црните“ го постигна новото засилување Жерсон Родригес, по асистенција на Данев.

Вардар одигра 1:1 на контролата против Ла Фиорита

SportSport - пред: 4 часа

Македонскиот шампион, тимот на Вардар денеска одигра уште еден пријателски меч на подготовките во Норча, Италија. „Црвено-црните“ ремизираа со екипата на Ла Фиорита, а единствениот гол за нашиот првак го постигна Герсон Родригез на асистенција на Димитар Данев.

Фудбалерите на Вардар одиграа реми против Ла Фиорита

Слободен Печат - пред: 4 часа

Денеска во пријателскиот натпревар како дел од подготовките во Норчија, Италија за новата сезона, фудбалерите на Вардар ремизираа со резултат 1:1 против С.П. Ла Фиорита. На стадионот Даниеле Гранди, стрелец на голот за македонскиот шампион беше репрезентативецот на Луксембург, ...

Вардар ремизираше против третопласираниот тим од Сан Марино

Спортманија - пред: 3 часа

Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, одигра нерешено, 1-1, против Ла Фиорита од Сан Марино, во претпоследниот тест на подготовките во Италија. Единствениот гол за „црвено-црните“ бил дело на новото засилување, Жерсон Родригес, по асистенција на Данев.

Долг пат на +40 го чека Вардар за тест со Ла Фиорита

SportSport - пред: 15 часа

Голем и непрофесионален превид на ФК Вардар АД во одлуката летните подготовки пред стартот на евро-сцената и новата сезона да ги одработи во базата Норча во Италија. Место кое има услови за тренинзи и работа, но во овој период од годината и место каде никој не се подготвува.

Вардар во Италија ќе одигра уште две контролни средби

Спортманија - 26.06.2026

Актуелниот шампион на Македонија, веќе две недели ги одработува подготовките во Норчиа, Италија. Црвено-црните рано ги започнаат подготовките за новата сезона затоа што веќе на почетокот од следниот месец ги очекува предизвикот во квалификациите за Лигата на шампионите.

Вардар со пријателски против Ла Фиорита во Римини, и со Виртус на 30 јуни

SportSport - 26.06.2026

Актуелниот шампион на Македонија, тимот на Вардар ги одработува подготовките во Норчиа, Италија, во очекување на предизвиците од квалификациите за Лигата на Шампионите. Во моментов избраниците на тренерот Фабијани се во тренажен процес на подготовка и ги играат пријателските ...