Милан ја продолжи доминацијата во дуелите со градскиот ривал Интер победувајќи го со 3:1. Веќе осум меча во дерби пресметките Росонерите не знае за пораз од Интер, а синоќа, актуелниот првак доби вистинска фудбалска лекција од Милан.
Фудбалерите на Милан и четврти пат по ред излегоа како поуспешни во градското дерби со Интер и се вратија во битката за првото место на табелата. Актуелниот шампион на Италија го загуби „Дерби дела Мадонина“, а веќе преку две години сонува триумф над градскиот ривал.
Последниот пат кога Кристијан Киву загуби натпревар во Серија А како тренер на Интер беше против Милан и тоа се случи на 8 март оваа година. Сега, италијанските шампиони повторно се соочуваат со својот градски ривал, противник кого Нераѕурите не успеале да го победат на седум ...