МВР информира дека вчера во СВР Штип, 46-годишна жена од Штип пријави дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер С.В. од Штип, кој употребил тврд предмет и оштетил дел од покуќнината.
МВР информира дека доцна синоќа во 22:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода З.Б.(52) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот со остар предмет се заканувал на неговата 45-годишна сопруга.
На 17.08.2026 во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.С.(24), постапувајќи по претходна пријава дека на 16.08.2026 во домот во скопско физички ја нападнал неговата 22-годишна бремена сопруга.