Трае истрагата на полицијата и на обвинителството за масовното труење во Гостивар. Над 1.200 лица изминативе ден ови побарале медицинска помош во болницата во Гостивар. Оттаму велат дека поголемиот број од пациентите се со исти симптоми, повраќање, дијареја, болки во желудникот, ...
Слободен Печат - 360 степени - Сакам да кажам - Мета - ТВ21 - Проверено
Институтот за јавно здравје, соопшти попладнево дека по добивање на барање од страна на Јавното обвинителство, веднаш е излезено на терен на посочените локации во Гостивар и земени се примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи.
360 степени - Вечер Прес - Скопско Ехо - Либертас - Прва Скопска - Економија и Бизнис
Прогласување епидемија во Гостивар нема да има, сè додека не се утврди причината за големиот заболени и стомачни тегоби. Потребни повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот, рече министерот Сашо Клековски по посетата на гостиварската Општа болница.
Вечер Прес - Либертас - Скопје1 - Макфакс - Во Центар - Бриф
Микробиологот Никола Пановски смета дека во Гостивар има епидемија на гастроентеритис и упати критики до епидемиолошките служби поради, како што наведува, непостапување во ситуација со голем број заболени. Во објава на социјалните мрежи, Пановски наведува дека според негова ...
Сите пациенти имаат стомачни проблеми (дијареја, повраќање), некои со треска (температура) и дехидратација. Се третираат со инфузии и симптоматски, а најголемиот дел се упатуваат на домашно лекување Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја посетил болницата „Д-р Ферид ...
Цистерната ќе биде поставена на паркингот кај Домот на културата, во близина на Џамијата во Нова Маала Цистерна со вода за пиење е обезбедена за жителите на Гостивар, по барање на локалниот огранок и со поддршка на советниците на Влен во Град Скопје.
Здравствената состојба во Гостивар предизвикува сè поголема загриженост кај жителите, откако повеќе од 1.200 лица, меѓу кои и деца, побарале медицинска помош поради стомачни тегоби и симптоми на труење. Иако официјалните податоци го покажуваат овој број, дел од граѓаните преку ...
Министерот за здравство Сашо Клековски во 11:30 часот ќе ја посети Општата болница - Гостивар откако повеќе граѓани со симптоми на повраќање, дијареа и температура побараа лекарска помош. Министерството за здравство соопшти дека предвидено е изјава да даде министерот Клековски.
Градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани, ги повика граѓаните да останат смирени и да ја почитуваат привремената забрана за користење на водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна, нагласувајќи дека мерката е донесена како превенција и за заштита на здравјето ...
Додека Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водовод поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна, директорката на ЈП „Водовод“ – Гостивар, Артана Асани, тврди дека водоснабдителниот систем не е причина ...
Скопје инфо - Фокус - Фактор - Glamur - Press24
Чашата вода што требало да ги освежи, за стотици граѓани можеби станала причина за сериозни здравствени проблеми. За само четири дена повеќе од 1.200 лица побарале лекарска помош со симптоми на труење, додека сомнежите сè погласно упатуваат кон водата за пиење во Гостивар.
Скопје инфо - Фокус - еМагазин - Слободен Печат - Либертас - Трн
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде времена забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба. Од АХВ информираат дека мерката е донесена по вонреден инспекциски надзор ...
Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески вели дека е рано за правни квалификации за случајот со водата во Гостивар, откако од болницата официјално информираа дека за 3-4 дена им се пријавиле 1.200 пациенти со симптоми на дијареа и повраќање, исклучително зголемен број ...
По пријава за незаконска интервенција во водоводната мрежа на подрачјето на општина Гостивар полицијата спроведува истражни мерки. Портпарлот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи потврди дека по наредба на јавен обвинител се преземаат за целосно расчистување на случајот.
По појавата на зголемен број граѓани кои во изминатите десетина дена се пожалиле на стомачни проблеми, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) побара да се извршат вонредни контроли на водата за пиење која се дистрибуира преку градскиот водовод во Гостивар.
Стотици граѓани во Гостивар, меѓу кои и деца, со гадење, повраќање и дијареа, побарале лекарска помош во изминативе денови. Постојат сомневања дека водата од Вруток е загадена со отпадни води. Во расветлување на случајот се вклучи и обвинителството.