Анкара – Патот од љубовта до омразата и назад во животот на Доналд Трамп трае само неколку часа. Откако во средата ја нарече Шпанија „ужасен партнер“ и побара целосно прекинување на трговијата, американскиот претседател драстично го омекна тонот по самитот на НАТО во Анкара.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја ублажи реториката кон Шпанија, само неколку часа откако се закани дека ќе ја прекине трговската размена со оваа членка на НАТО поради несогласувањата околу издвојувањето на средства за одбрана.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, остро ја критикуваше Шпанија за, како што рече, недоволниот придонес во НАТО за време на самитот на Алијансата во Турција. Трамп: Ја прекинуваме целата трговија со Шпанија На прес-конференцијата во Анкара, на која присуствуваше заедно со ...