Коџа Мехмед-бег џамијата во кумановското село Табановце, објект од османлискиот период прогласен за значајно културно наследство во 2008 година, ќе биде опфатена со програмата на Министерството за култура и туризам за 2027 година.
Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани денеска ја посети Коџа Мехмед-бег џамијата во селото Табановце, кумаовско заедно со муфтијата на Куманово, Абедин Имери и директорот на НУ Национален конзерваторски центар, Александар Јорданоски.