Ако никогаш досега не сте подготвувале уштипци, нема причина да се плашите од овој домашен специјалитет. За овој рецепт не ви е потребен квасец, тестото не мора да нараснува, а од моментот кога ќе ги измешате состојките до првото уштипче во тавата ќе поминат само неколку минути.
Чупавците се еден од оние колачи што со години не ја губат својата популарност. Меките коцки бисквит потопени во чоколадна глазура и валкани во кокос се едноставни за подготовка, а изгледаат и вкусно и привлечно на секоја трпеза.