Двата преостанати македонски претставници во Европа, екипите на Вардар и Шкендија в понеделник со ждрепката која што во седиштето на УЕФА ќе се одржи во 14:00 часот ќе ги дознаат потенцијалните противници за третото квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Шкендија обезбеди пласман во второто коло од Конференциската лига на УЕФА, откако повторно ја победи Европа од Гибралтар, овој пат со минимални 1:0 во Скопје. Единствениот гол го постигна Ване Крстевски во 86-тата минута.
Фудбалерите на ФК Шкендија триумфираа и на натпреварот во Скопје во рамките од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА со 1:0 против ФК Европа од Гибралтар. Тетовскиот тим реши се во првиот меч на гостински терен кога славеа убедливо со 5:0, и практично ...