Владата со старо нов отчет за тоа колку пари потрошиле за 35-годишнината од незавинста на државата. Финалната сума од 5,5 милиони евра остана иста денес само беа објавени внатрешните трошоци за сите 18 настани реализирани во во 13 градови.
Со 18 настани одржани во 13 градови низ државата, бесплатно достапни за сите граѓани, комплетно е реализирана програмата за одбележување на 35-годишнината од независноста на Македонија, информираше денеска портпаролката на Владата, Марија Митева.
Сите реализирани активности од програмата за одбележување на 35 години независност на Македонија имаат вкупна вредност од 340 509 749 денари, соопшти портпаролката на Владата Марија Митева. Според извештајот за потрошените пари од сметката на „Државна Лотарија“ за 2024, ...