Ете, дојде и тој ден. Денеска од 13 часот на стадионот на Чаир, во меч од 9.коло, за првпат дуел во ПМФЛ меѓу двете Шкендии. Овие две екипи во минатото имаат играно во Купот на Македонија и во Втора лига, а денеска за првпат ќе играат натпревар во елитата.
Откако вчера беа одиграни првите два натпревари од 9.коло во Првата лига, денеска на програмата се нови два. Во нив ќе играат двете првопласирани екипи од минатата сезона, шампионот Вардар и вицепрвакот тетовска Шкендија. Поинтересен се очекува да биде дуел на двете Шкеднии.
Историскиот дуел меѓу Шкендија Арачиново и Шкендија Тетово ќе добие дополнителна атмосфера, откако е потврдено дека на трибините ќе има и гостински навивачи. Натпреварот од деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига е закажан за в недела од 13:00 часот на Чаир.
На Чаир в недела од 13:00 часот во рамките од деветтото коло од ПМФЛ шампионатот, се среќаваат екипите на Шкендија Арачиново и Шкендија Тетово, а на овој меч сепак, ќе присуствуваат и гостински навивачи. На овој прв историски прволигашки дуел помеѓу двете Шкендии, по дозвола на ...