Кога кабината на возилото ќе се загрее на 60 степени Целзиусови, таа се претвора во опасна зона. Тоа што честопати се остава безгрижно во возилото, може да предизвика палење на батеријата или експлодирање на конзервите, а некои лекарства се претвораат во отров.
Дури и неколку минути невнимание можат да доведат до сериозни последици. Во летните месеци, оставањето деца или домашни миленици во автомобил, дури и на неколку минути, може да има сериозни и трагични последици.