На Интернет деновиве се појавија неверојатни видеа од застрашувачките способности на роботите на компа ијата Boston Dynamics, пишува DailyMail . Boston Dynamics објави две видеа на кои се гледаат новите вештини на двa од нивните најнапредни модели.
Boston Dynamics како да имаат мисија да докажат дека не постои нешто кое ние можеме да го направиме, а роботите не можат. Американската компанија објави видео во кое нивниот робот наречен Atlas е излезен надвор на „попладневно трчање“.
Роботите со тек на време стануваат се понапредни, а компанијата Boston Dynamics претстави сопствен робот наречен Atlas кој може да трча. Atlas во ноември минатата година привлече големо внимание на јавноста кога скокаше и без проблеми направи салто ...