Пилотот- грчки државјанин и британски брачен пар за време на нивниот меден месец, загинаа во падот на приватниот хеликоптер на грчкиот остров Сифнос, што се урна и запали вчера попладне, а во тек е истрага за причините за несреќата, јави дописничката на МИА од Атина.
Најмалку тројца загинале во страшна хеликоптерска несреќа попладнево во Грција. Хеликоптерот се урнал во близина на куќи на островот Сифнос, кој е популарна туристичка дестинација, кратко по полетувањето, пишува „Катимерини“ .
Приватен хеликоптер се урна и се запали во областа Толос на грчкиот остров Сифнос. Веднаш по несреќата избувна пожар, а три лица беа пронајдени во бесвест на местото на настанот. Оперативниот центар на противпожарната служба беше известен за инцидентот околу 18 часот по локално ...