Многу жени во јавниот сектор, но малку на раководни позиции. Од вкупно 110.885 вработени во администрацијата, 57,5 отсто се жени, но управувањето, директивите и одлучувањето се во рацете на „посилниот“ пол. Светлото во тунелот на половите разлики доаѓа од Собранието, но ...
Државниот завод за ревизија заклучи дека во земјата не се воспоставени ефективни политики и мерки за зајакнување на улогата на жените на лидерски и раководни позиции во органите на централната власт. Заклучокот е дел од конечниот извештај за ревизија на успешност.
Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди дека во периодот од 2020 до 2024 година не биле воспоставени ефективни политики и мерки за зајакнување на улогата на жените на лидерски позиции и на раководни функции во органите на централната власт.