Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ќе поднесе оставка од претседателската функција и ќе се кандидира за премиер доколку неговата владејачка Српска напредна партија (СНС) победи на вонредните парламентарни избори што се очекуваат на 25 октомври.
Владејачкaта популистичка партија во Србија Српска напредна странка (СНС) предложи актуелниот претседател Александар Вучиќ да стане премиер ако победи на предвремените парламентарни избори. Главниот одбор на СНС едногласно одлучи Вучиќ да биде носител на изборната листа наречена ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој со денови во кампањата најавуваше предвремени избори, изјави дека е „подготвен да ја прифати волјата“ на владејачката СНС во врска со неговата евентуална кандидатура за премиер и рече дека ќе ги распише изборите „за неколку дена“.
Главниот одбор на СНС на денешната седница во Ниш едногласно одлучи партијата на претстојните парламентарни избори да настапи со листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, со Александар Вучиќ како носител и прв на листата.