Метеорит тежок повеќе од еден килограм, што пред две години го проби покривот на една куќа во американската сојузна држава Њу Џерси, би можел да понуди драгоцени сознанија за постоењето на древна вода во Сончевиот Систем, пишува Си-ен-ен .
Вселенска карпа го проби таванот на спална соба во куќа во Њу Џерси во 2024 година, а научниците сега утврдија дека потекнува од необичен, солен астероид кој некогаш го посетила мисија на НАСА. Пред две години, на 16 јули 2024 година, во средината на попладнето, звучен бум го ...