Откако беше елиминиран на стартот во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, Вардар во фудбалска Европа продолжува со настапот во втората квалификациска фаза во Лигата на Конференции а противник ќе биде Рига од Летонија.
Познато е дека по елиминацијата на Силекс, Македонија остана со два претставника во втората квалификациска рунда, тоа се Шкендија и Вардар. Тетовци за ривал го имаат Браво од Словенија, а Вардар има двомеч со Рига од Летонија.
Тимот на Шкендија осигура дефинитивно уште некое време да има статус на клуб кој што летово настапува во Европа. Тетовски синоќа обезбедија пласман во второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции, со вкупната победа од 6:0 над гибралтарска Европа.
Македонскиот шампион Вардар ги продолжува настапите на европската сцена со дуел во второто квалификациско коло од Конференциската лига. „Црвено-црните“ на 22 јули ќе бидат домаќини на летонскиот првак Рига на Националната арена „Тодор Проески“, а почетокот на натпреварот е ...