Автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 14 лица е петта по бројот на жртви во поновата историја. На црната листа води скопскиот земјотрес со околу 1.100 загинати и 3.000 повредени.
Од осамостојувањето, во Македонија се случија неколку авионски несреќи, но и природни катастрофи со голем број жртви. Последната, сообраќајната несреќа кај Ласкарци, е една од петте најтрагични.