Фактот дека технолошките компании сè повеќе размислуваат за тоа како да ги направат зависни луѓето од нивните производи не е ништо ново. Вест е кога ќе протече документ што директно зборува за тоа.
Мајкрософт призна – сака да создаде производ со вештачка интелигенција кој ќе ги направи корисниците зависни од него. Извршниот директор на компанијата, Сатја Надела, возврати: „Не знам кој пишува и пушта вакви работи“.