Еден час понекогаш поминува како една минута, а некогаш пет минути можат да изгледаат како цела вечност. Но зошто се случува тоа? Сите го гледаме истиот часовник, секундите се движат со иста брзина, а сепак нашето чувство за времето може драстично да се менува .
Седите со пријателите, некој кажува нешто и одеднаш ве обзема чудно чувство: „Чекај, ова веќе се случило!“ Местото ви изгледа познато, разговорот како веќе да сте го слушнале, а понекогаш дури имате чувство дека знаете што ќе се случи следно.