Холандскиот град Ајндховен до идната година ќе добие пет 3Д испечатени куќи, кои ќе може да се земат под кирија. Со тоа, меѓу другото, ќе се реши проблемот со недостигот од ѕидари, пишува tportal.hr .
3Д печатењето почна да се применува во многу индустриски гранки, од поправки со течен метал на вселенски летала, до 3Д печатење на живо ткиво. Денес со овие печатачи можете дури да изградите и куќа.
Холандскиот град Ајндховен нема многу работи со кои може да се пофали освен фудбалскиот клуб ПСВ, но сега тој ќе стане уникатен по една интересна работа – ќе биде првиот град во кој луѓето ќе живеат во куќи кои се направени со 3D принтер.